Челси планира да му ги расипе плановите на Реал за Азар!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Еден Азар најверојатно ќе стане нов фудбалер на Реал Мадрид, откако „кралевите“ покажаа голем интерес за него и се подготвени да платат многу за неговиот потпис.

Реал сака да го купи и Тибо Куртоа, па за двајцата фудбалери да понуди дури 170 милиони фунти, но тоа не му се допаѓа на Челси.

Новиот тренер на Челси, Маурицио Сари, кажа дека Азар е еден од најдобрите играчи во Европа и се надева дека ќе соработуваат во Лондон.

„Сините“ планираат да му понудат нов договор од 300.000 фунти неделно, а дали тоа ќе го убеди да остане во Лондон, наскоро ќе биде познато.