Челси посакува уште четири засилувања


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од редовите на Челси не планираат да престанат со засилувања и покрај тоа што во клубот донесоа три нови имиња и потрошија околу 140 милиони фунти.

Како што пренесува „Скај спортс“ Антонио Конте планира да се засили со уште четворица фудбалери на сите позиции на теренот.

Вирџил Ван Дијк, Антонио Кандрева, Фернандо Љоренте и Алекс Сандро се трансфер метите по кои „Сините“ ќе тргнат со сите сили ова лето.

Јувентус веќе одби две понуди од Челси за Сандро, но се очекува Абрамовиќ да испрати 60 милиони фунти со што ќе го направи Бразилецот најскап дефанзивец во светот.