Челси се збогува со Шпанецот: Мората ги договорил личните услови!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Странските медиуми пишуваат дека шпанскиот напаѓач Алваро Мората се договорил со Атлетико Мадрид за преселба во нивни редови.

Мората од почетокот на јануари се поврзува со заминување од Лондон, а очигледно Мадрид ќе му биде нова дестинација во кариерата.

Проблем би можело да биде тоа што Атлетико уште не се договорил со Челси за процентот на платата, која ќе му ја дава на новиот напаѓач. Тие се надеваат дека ќе му плаќаат само 50% од 120.000 фунти колку што заработува неделно во Челси.

Во договорот за позајмица би требало да има и клаузула, според која Атлетико ќе може да го купи Мората за 40 милиони евра, а за позајмицата Челси ќе добие три милиони евра.

Челси како замена за Мората се обидува да го донесе Гонзало Игуаин, кој според италијанските медиуми е блиску до трансфер во Лондон.