Челси се подготвува за наредната сезона – Конте најде идеално засилување!


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Според медиумите, Антонио Конте сака да донесе играч кој го водеше во репрезентацијата на Италија.

Челси е на пат да ја освои титулата во ПЛ, а веќе се подготвуваат за наредната сезона.

Се работи на нови засилувања, а Конте лично имаше еден телефонски разговор за да обезбеди едно засилување.

Тој е заинтересиран за фудбалерот на Интер, Антонио Кандрева.

Во разговор со неговиот агент, Конте кажал дека го сака Кандрева и дека е подготвен да плати 21.5 милиони фунти за него.

Кандрева минатото лето стигна од Лацио за 18 милиони фунти, а се верува дека новата управа на Интер е подготвена да го пушти за сумата која Конте е подготвен да ја плати.

Поранешниот играч на Лацио играше одлично во репрезентацијата на Италија, а Конте верува дека нивната успешна соработка може да продолжи и во Лондон.