Челси ја идентификува замената за Тибо Куртоа


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во последно време се повеќе се шпекулира дека трансферот на Тибо Куртоа во редовите на Реал Мадрид е готова работа.

Доколку го продадат, од Челси ќе останат само со Вили Кабаљеро кој се покажа како не многу добро решение со оглед дека имаше катастрофално Светско првенство.

Токму затоа од Челси се подготвуваат на „Стемфорд Бриџ“ да донесат двајца голмани. Едниот веројатно ќе биде Петр Чех кој ќе биде повратник во клубот по неколкуте години поминати во Арсенал.

Втората опција, која би требало да биде прв избор на Сари за следната година е англискиот репрезентативен чувар на мрежата, Џордан Пикфорд. Пикфорд се пресели во Евертон минатата сезона и по само една година може да направи многу поголем трансфер.