Челси ја одби и третата понуда на Барселона


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како што дознава Скај Спортс од таборот на Челси ја одбиле и третата понуда испратена од Барселона за услугите на Вилијан.

Каталонскиот клуб вчера испрати подобрена понуда од 55 милиони фунти за услугите на бразилскиот интернационалец Вилиан, но од Челси експресно ја одбија и оваа понуда.

Покрај Барселона, сериозен интерес за Бразилецот има и од редовите на Манчестер Јунајтед, но засега од Челси немаат намера да го продадат еден од најдобрите играчи за минатата сезона.

Од Барса пак се во потрага по офанзивен играч на крилните позиции откако увидоа дека скапото засилување Осман Дембеле не ги оправдува очекувањата.