Четири скокалници: Танде најдобар во Гармиш, Штох води во генерален пласман


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Норвешкиот ски скокач Даниел Андре Танде победи на скоковите во Гармиш-Партенкирхен, втората станица од Четирите скокалници.

Танде до првата победа од ноември 2015 година, а втора во кариерата дојде со вкупен резултат од 289.2 бодови, по скоковите од 138 и 142 метри.

Второ место беше Штох, кој го превзема водството на турнејата, бидејќи победникот во Оберстдорф, Штефан Крафт се најде на 3-то место.

Само два денови бидејќи во Оберстдорф киксна во првата рунда, а потоа успеа да поправи, но стигна само до 4-то место.

Младиот Норвежанец водеше по првата рунда, со 2 бодови предност во однос на крафт додека трет беше Жил со бод помалку.

Во продолжение, Штох по 5-то место скокна 143 метри, а тоа е за половина метар пократко од рекордот кој го има Симон Аман. На тој начин го премина Маркус Ајсенбилер, Жил и Крафт кој леташе три метри пократко.

На крајот дојде редот на Танде, кој беша класа за себе и за 3.2 бодови го победи двојниот олимписки шампион во борба за победата.

Ајсенбилер беше 4-ти и најдобар меѓу домашните скокачи во Гармиш, пред Домен Превц од Словенија, кој се врати по лошите скокови во Оберсдорф и го освои 5-то место. Жил мораше да се задоволи со 6-то место, пред сонародникот Кот и Лај од Германија.

Меѓу првите 10 се најдоа уште Сево Декомб и Михаел Хајбек.

Актуелниот победник Петер Превц го освои 11 место додека неговиот брат Цене беше 24.

Штох на половина турнеја го има водството со 591.2 бодови, пред Крафт со 590.4 и Танде со 584.6.

Домен Превц ја задржа првата позиција во генералниот пласман во Светскиот куп со 590 бодови, а го следат Танде со 532 и Крафт со 491.

Турнејата Четири Скокалници продолжува на 4-ти јануари во Инсбрук.