Чичарито: Замислував дека ќе бидеме светски шампиони!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерот на Мексико, Хавиер Чичарито кажа дека неговата репрезентација со крената глава го напушта Мундијалот во Русија.

Мексико играше храбро против Бразил во осминафиналето, но на крајот беа поразени со 2-0.

„Се обидовме да го победиме Бразил. Не бевме успешни, но заминуваме од Мундијалот со кренати глави. Замислував дека сум светски шампиони. Сепак, тоа не се случи. Секогаш зборував дека работите се случуваат со причина“, вели Чичарито.

Инаку, Мексико од 1986. година нема играно во четвртфинале.