ЧУДО НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО: Германија елиминирана, Светот ќе добие нов шампион (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Репрезентацијата на Германија претрпе шокантен пораз од Јужна Кореа и со тоа како последнопласирана во групата Ф го завршува настапот на Светското првенство во Русија.

Германците во текот на целиот натпревар ја имаа иницијативата во свои нозе, но не направија многу изгледни шанси по кои би го матирале голманот на Јужна Кореа.

Голот кој со сигурност ќе биде посочен како најголемо изненадување на Мундијалот го постигна Ким Јунг Вон во 96 минута, а само две минути подоцна Кореа погоди преку нивниот најдобар играч, Хеунг Мин Сон.

Португалија, Шпанија и Аргентина се протнаа низ иглени уши, но тоа не им успеа на Германците.

Во останатиот денешен натпревар од оваа група Шведска со високи 3:0 ја совлада мексиканската репрезентација и со тоа овие две репрезентации се пласираа во нокаут фазата од Мундијалот во Русија.