Шампионски тим: Доколку не ги продадеа, сега ќе се бореа за титула!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Медиумите составија тим на Џенова и тоа од играчи кои играа во Џенова, а сега се во други клубови.

Екипата делува одлично, а сигурно со формација 4-2-3-1 би се борела за титула во Италија.

Марко Амелија(34, без клуб)

Замина во 2011 година за 3.5 милиони евра во Милан. По три сезони во Милан, Амелија бранеше за Роко, Перуџа, а во 2015-та потпиша за Челси. Таму не одигра ниту еден натпревар, а сега е слободен фудбалер.

Рафиња(31, Баерн)

Во Џенова помина една сезона, помеѓу 2 германски тимови. Италијаните во 2010 година го донесоа од Шалке за 8 милиони, а една година подоцна го пратија во Баерн за 5.5 милиони.

Сократис Папастопулус(28, Дортмунд)

Џенова беше негова отскочна даска. Дојде во 2008 година од АЕК за 3.8 милиони евра, а две години подоцна за 4.5 замина во Милан. Брзо се врати во Џенова, по 12 месеци во Милан и тоа за 4 милиони евра, а потоа за 4.1 милион замина во Вердер. Сега е во Борусија Дортмунд.

Леонардо Бонучи(29, Јувентус)

Него во Џенова го пушти Интер и тоа за 4 милиони евра. Сепак, никогаш не заигра за Џенова, бидејќи во клубот помина само неколку денови и веднаш беше испратен во Бари. Тој трансфер вредеше 10.5 милиони евра, а Јувентус го откупи за 15.5 милиони.

Доменико Кришито(30, Зенит)

Поранешниот играч на Италија поголемиот дел од карирата го помина во Јувентус и Џенова. Имаше трансфери и позајмици, а пред 5 години од Џенова за 15 милиони евра премина во Зенит.

Томас Ринкон(28, Јувентус)

Тој направи трансфер во Јувентус, а Џенова од тој трансфер ќе заработи 10 милиони евра додека во 2014 година го донесоа бесплатно од ХСВ.

Тиаго Мота(34, ПСЖ)

Откако му заврши договорот со Атлетико Мадрид, Мота се придружи на Џенова каде што помина една година. И на него Џенова заработи 10.2 милиони евра.

Езекиел Лавеци(31, Хебеи Кина)

Европската авантура ја започна во Џенова, сепак не заигра ниту еден натпревар за овој клуб. Откако го донесоа од Естудијантес за 1 милион, тие го испратија на позајмица во Сан Лоренцо. Тие успеаа да заработат на него, бидејќи го продадоа 1.2 милиони евра.

Иаго Фалке(26, Торино-позајмица од Рома)

Реал, Барселона, Бари, Јувентус, Виљареал, Тотенхем, Саутемптон, Алмерија, Рајо Валекано. Тоа се клубовите во кои играше Фалке пред да дојде во 2014 година од Тотенхем. Само една година подоцна Џенова го продаде на Рома за 8 милиони евра.

Стефан Ел Шарави(24, Рома)

Детето на Џенова кое за својот клуб одигра само 3 натпревари, а потоа за големи 15.5 милиони во 2011 година го засили Милан.

Џовани Симеоне(21, Џенова)

Симеоне е единствен на оваа листа кој и понатаму е член на Џенова. Тој дојде од Ривер Плејт за 3 милиони евра, а постигна 6 голови во 18 натпревари.