Шарапова се повреди во Шенжен, но ќе биде подготвена да настапи на Австралијан Опен!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешната прва тенисерка во светот, Марија Шарапова мораше да го предаде мечот во четвртфиналето на турнирот во Шенжен, откако се повреди.

Русинката излезе на теренот, го одигра првиот сет против Арина Сабаленка, но потоа мораше да се предаде.

Бидејќи го загубипрвиот сет со 1-6, Шарапова бараше медицински тајм-аут. Сепак, во вториот мораше да предаде на 4-2.

Иако не е познато за каква повреда станува збор, сепак се очекува Русинката да биде подготвена за Австралијан Опен, кој почнува на 14 јануари.

Минатата година Шарапова стигна во Мелбурн до третото коло, во кое загуби од Анџелик Кербер.