Шарапова со прекрасен потег ги воодушеви фановите во Шенжен (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешната најдобра тенисерка во светот, Марија Шарапова обезбеди пласман во четвртфиналето на турнирот во Шенжен, Кина. Откако нејзината противничка Чиниу Ванг го предаде мечот.

Ванг играше прекрасен прв сет и го доби со 7-6. Но во вториот се повреди и мораше да го предаде дуелот при негатива од 2-5 во вториот сет.

На лицето на тенисерката од Кина можеше да се забележи колку е разочарана, а Шарапова направи прекрасен потег, откако дојде да ја утеши.

Овој потег на Шарапова веднаш се прошири на социјалните мрежи, па таа ги освои фановите, кои го пофалија нејзиниот гест.