Шкендија и Работнички ги добија можните противници за третото коло


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонските претставници во Лигата на Европа, Шкендија и Рабтонички ги добија можните противници во третото квалификациско коло.

Избраниците на Ќатип Османи, доколку го минат Хелсинки против кого имаат солидна предност од првиот натпревар (3:1) ќе вкрстат со подобриот од дуелот помеѓу Норчепинг и Тракаи. Тимот каде настапува македонскиот репрезентативен чувар на мрежата, Митов Нилсон, од првиот натпревар има предност од 2:1 и на хартија е благ фаворит пред тимот од Литванија.

Работнички пак доби далеку потежок можен противник од тетовска Шкендија. „Романтичарите“ доколку го минат Динамо Минск во третото квалификационо коло ќе се сретнат со Аек Ларнака или Корк Сити. Аек Ларнака има предност од првиот натпревар откако со 0:1 победи на гостувањето во Ирска. За тимот од Кипар настапуваат и македонските репрезентативци Иван Тричковски и Даниел Мојсов.

И Шкендија и Работнички би биле гости на првите натпревари што на програмата се на 27 јули.