Шкендија пред потпис со поранешен фудбалер на Волфсбург


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот прволигаш, Шкендија во следните неколку дена ќе го добие првото засилување за оваа зима.

Ќе пристигне од Германија, а се работи за поранешен фудбалер на Волфсбург, Дино Меѓедовиќ.

Дино е босанец кој игра во нападот, а ќе стигне по препорака на новиот тренер на Шкендија, Томас Брдариќ.

Босанецот последните шест месеци го носеше дресот на Падерборн, а претходно има играно за вториот тим на Волфсбург, Нојстерлиц.