ШОКАНТЕН ЕПИЛОГ НА СКАНДАЛОТ КОЈ ГО ПОТРЕСЕ ОСТРОВОТ: Најдобриот „Топчија“ на излезна врата, позната и неговата замена?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од неодамна јавноста е запознаена со скандалот кој ја потресе Англија, односно дека неколкумина фудбалери на Арсенал на една приватна журка конзумирале голема количина на алкохол, но и опојни дроги, познати под називот „хипи-крек“.

Оваа информација беше поткрепена и со видео снимка, па поради тоа, редовите на екипата од Сверен Лондон би можел да ги напушти еден од најдобрите поединци, односно, напаѓачот, Пјер- Емерик Обамејанг.

Рекордно платениот Габонец кој пристигна од Дортмунд на почетокот на годината, платен беше околу 65 милиони евра и до денес ја оправдува својата уога во тимот. Еден е од најдобрите стрелци во Премиер лигата со 10 погодоци во досегашниот дел од сезоната.

Но, поради тоа што се најде во центарот на споменатиот скандал, Арсенал наводно размислува да го продаде, па со самото тоа се насочува и неговата потенцијална замена.

Како што пренесува „Дон Балон“, на радарот на клубот се нашол Мауро Икарди.

Аргентинецот веќе оддамна е на листата желби на мадридски Реал, Интер бара голема сума за неговите услуги, а на „Емирати“ веруваат дека играњето во Премиер лигата би можело да го натера Икарди да ја промени средината и да ја одбие можноста да премине во таборот на кралскиот клуб.

Се проценува дека Реал е подготвен да понуди 95 милион евра за фантастичниот Аргентинец, што значи дека Арсенал би морал да се изедначи во таа понуда, а доколку успеат да го спроведат на дело овој трансфер, повторно би го сдобориле клупскиот рекорд.