Шокантен резултат на „Виталити“: Борнмут со четири „парчиња“ му посака добредојде на Игуаин во Премиер Лигата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Доста изненадувачки и помалку шокантни резултати видовме во денешните натпревари од Премиер лигата.

Првиот фаворит за титулата Ливерпул одигра само нерешено против тимот на Лестер на својот стадион. На „Енфилд“ резултатот беше 1:1, а двата погодоци паднаа во првото полувреме.

Најпрво Садио Мане го отвори резултатот, а пред самиот крај на првиот дел Хари Мегваер го израмни резултатот и тоа беше на сила до самиот крај.

На „Виталити“ видовме неверојатен резултат кој ретко дека некогаш ќе се повтори. Тимот на Борнмут со огромни 4:0 славеше против Челси и на одличен начин му посака добредојде на Игуаин во Премиер лигата.

За малку ќе бевме сведоци на шокантен резултат и на „Вембли“ каде Тотенхем во последните моменти од средбата успеа да дојде до победа од 2:1 против Вотфорд.