Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Одличниот голман на Атлетико Мадрид и репрезентативен чувар на мрежата на Словенија, Јан Облак ја разбранува спортската јавност во Словенија.
Имено, голманот кој важи за еден од најдобрите во светскиот фудбал во моментов одлучил дефинитивно да се откаже од националниот дрес.
Новиот селектор на Словенците, Бојан Кавчиќ се одлучи капитенската лента да му ја довери на Бојан Јокиќ, а не на Облак и наводно тоа го налутило чуварот на мрежата кој очекувал да биде нов капитен на репрезентацијата.
Токму затоа тој ги одбил последните два повици од Кавчиќ за во националниот тим и тоа ќе го прави и во иднина додека тој е селектор.











