Шок – Картите се на маса, Донарума заминува бесплатно?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ќе тера ли Милан инат со Раиола? И што ќе се случи ова лето. Има понуда, а агентот гледа на другата страна.

Работите не се поправија, понудата на Милан е договор на 4 години и 3.2 милиони по сезона.

Според медиумите, клубот покажа намера да го гради клубот околу овој млад голман.

Но состанок со Раиола се уште нема, тој и понатаму одбива да преговара, а повторуваше дека не е за пари, туку дека сака да ја види сериозноста на Милан.

Меѓутоа никој не му верува, сите тврдат дека сака да го донесе Милан во тешка ситуација.

Сега медиумите шпекулираат дека Милан е подготвен да оди до крај, да не го пушти Донарума дури и да не го продолжи договорот, што значи дека би заминал бесплатно во 2018-та година.

За таков ризик е тешко да се верува, а медиумите додаваат дека шансите на Јувентус би биле поголеми, затоа што Раиола не сака Донарума да замине во Торино.

Тој гледа кон Англија. Наводно, Јунајтед сака да му понуди 7.5 милиони евра по сезона.

Шампионот на Италија има контакт со родителите на играчот, а се обидуваат да ги убедат дека Торино е најдоброто место за него. Но клучот го држи Раиола, а Донарума сака да остане во Милан.

Најверојатно ништо нема да се знае пред наредново лето.