Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Познатиот италијански фудбалер знае, помеѓу останатото кој ќе ја освои „Златната топка“ и зошто Тоти би требало да продолжи да игра.
Прекарот кој му го дадоа Италијанците на Касано – Фантантонио најдобро го објаснува неговиот менталитет.
Играчот кој стигна во Бари и потоа помина низ Рома, Реал Мадрид, Сампдорија, Милан, Интер и Парма сега се обидува да се врати на најважната споредна работа во светот. Подготовките за продолжување се во тек. Како играч со големо искуство и уште поголемо име, луѓето го почитуваат и бараат неговиот труд.
„На Алегри и Јувентус може само да им честитам на тоа што го направија, но јас најмногу ја почитувам Барселона, затоа што според мене игра најубав и најдобар фудбал. Таму би сакал да играм. А оваа сезона во Серија А најдобар фудбал игра Наполи.“
„Монтела според мене заслужува чиста 10-ка за тоа што го направи со Милан оваа сезона. Тоа е слаб тим и голем дел од нив во мое време не ни можеа да играат во Милано. Во Интер беа неправедни кон Пиоли што го сменија. Човекот не е виновен, играчите се слаби.“
Тема на годината е заминувањето на Тоти во пензија.
„Јас да сум Тоти не би престанал да играм! Тој и понатаму може да игра на највисоко ниво и јас го советувам да продолжи. Затоа што никој не може да му каже да прекине! Најмногу би сакал заедно да ја завршиме кариерата, во ист клуб.“
„Имам многу пријатели во Јувентус, но најблизок сум со Џиџи. Мислам дека Буфон треба да ја освои Златната топка и дека конечно ќе ја добие. Што се однесува до Балотли, тој е фантастичен играч, но повеќе не е шампион.“
„Добив некои понуди од Кина, но вистинскиот фудбал е во Европа. Целта ми е да играм блиску до дома.“