Шпанците со победа го одбележија 200-от настап на Гасол за репрезентацијата


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


 

Репрезентацијата на Шпанија на крилјата на Вили и Хуанчо Хернангомез стигна до лесна победа над Црна Гора со резултат 99-60.

 

Пау Гасол го одигра 200-от меч за репрезентацијата на Шпанија, а неговите соиграчи за да го одбележат јубилејот му подарија огромна победа против Црна Гора. Шпанците го добија мечот со 39 поени разлика во меч во кој застанаа на само еден поен од троцифрен број на семафорот.

Вили Хернангомез беше најдобриот поентер во шпанскиот состав, со 18 поени на кои додаде и 9 скокови. Во составот на Црна Гора, Вучевиќ имаше 16 поени.

 

Шпанија и Црна Гора се во групата Ц, заедно со Хрватска, Унгарија, Романија и Чешка.