Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Денес се одигра 35-то коло во Серија А.
Највозбудлив натпревар беше тој во Рим помеѓу Лацио и Сампдорија.
Головите започнаа уште во 2-та минута кога Балде Кеита по асистенција на Савиќ го постигна голот за 1:0.
Во продолженија следуваа неколку шанси од страна на Сампдорија и во 18-та минута неверојатна гужва откако беше досуден пенал, а Милан Скринијар доби црвен картон.
Пеналот успеа да го реализира Имобиле.
Во продолжението Сампдорија намали на 2:1 преку Линети, а потоа започна повторно Лацио да погодува. Најпрво Весли за 3:1, а потоа Андерсон и Де Вриј за високи 5:1.
Во вториот дел Габарон зголеми на 7:1, а во 72-та минута Фабио намалува на 7:2, па истиот фудбалер ги постави конечните 7:3 со удар по средината на голот.
Останати резултати:
Удинезе-Аталанта 1:1
Киево – Палермо 1:1
Емполи – Болоња 3:1
Џенова – Интер 1:0
Пескара – Кротоне 0:1
Сасуоло – Фиорентина 2:2