Што се случува со Милинковиќ-Савиќ? Неговата цена речиси двојно помала


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Еден од најдобрите светски фудбалери минатата сезона, Сергеј Милинковиќ Савиќ целосно „исчезна“ од фудбалската мапа оваа сезона.

Србинот во првите 10 кола во Серија А игра очајно лошо и од недела во недела е предмет на критики од навивачите, но и од фудбалските познавачи.

По натпреварот против Интер, во кој Милинковиќ Савиќ имаше само 57 додавања, навивачите на Лацијалите фрлаа со „дрва и камења“ по играчот за кого Клаудио Лотито ова лето бараше над 120 милиони евра.

Сега, играчот од средниот ред наводно вреди околу 60 милиони евра, двојно помалку од тоа што одби Лотито од неколку европски гиганти минатото лето.