Што Флорентино Перез има против Кејлор Навас?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Се сеќавате колку претседателот на Реал сакаше да го доведе Давид Де Геа?

Сега пикира нова мета за место меѓу стативите…

Според сознанијата на спортскиот сектор на радио „Ондо Церо“, Реал Мадрид тргна во преговори со Челси околу Тибо Куртоа.

Ќе биде тешко остварлива мисија, но поранешниот голман на градскиот ривал Атлетико моментално е најголема желба на Флорентино Перез.

Првиот човек на „Лос Бланкоси“ како да има нешто против Кејлор Навас, иако е тој маестрален. Да се потсетиме колку во минатото пробуваше со сите сили да доведе уште еден поранешен Јорганџија Давид Де Геа од Манчестер Јунајтед.

Можеби звучи малку невкусно но „октоподот“ од Костарика е веројатно најконстантниот играч на Реал откако е доведен на Сантијаго Бернабе од Леванте послое спектакуларните партии на Мундијалот во Бразил.

На сите ѕвезди на „Кралскиот клуб“ се случува да имаат лош ден, посебно Кристијано Роналдо и поготово во големите натпревари. На Кејлор тоа не се случува речиси никогаш.

Перез има план за Навас да го понуди на Сините со одредена сума на пари за Куртоа, наведува споменатиот извор.