Ѓоковиќ го реши Нишикори и обезбеди финале на Ју-Ес опен


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Хуан Мартин Дел Потро во првото полуфинале го победи Рафаел Надал, кој мораше да се предаде при резултат 7-6 и 6-2 поради повреда на коленото.

Од друга страна, Новак Ѓоковиќ успеа да се пласира во финалето бидејќи го реши Кеи Нишикори со 6-3, 6-4 и 6-2.

Српскиот тенисер беше одличен во натпреварот, па докажа дека формата му е брилијантна во моментов и дека тешко може некој да му се спротистави.

Ѓоковиќ игра за третата титула на Ју-Ес опен, односно 14. гренслем титула во кариерата, со што би се израмнил со Пит Сампрас.