Ѓоковиќ е најдобар спортист во Европа!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Првиот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ, е прогласен за најдобар европски спортист во 2018 година во избор на медиумските агенции ширум Европа.

Во гласањето кое го организираше Полската медиумска агенција, Ѓоковиќ освои 145 бодови, односно 13 повеќе од Лука Модриќ од Реал Мадрид, додека трето место беше возачот во Формула 1, Луис Хамилтон со 114 поени.

Четврто место го освои Естер Ледецка, која доби 74 поени. А, меѓу најдобрите 10 беа и австрискиот скијач Марсел Хиршер, норвешката скијачка Марит Бјерген, францускиот фудбалер Антоан Гризман, францускиот атлетичар Кевин Мајер, романската тенисерка Симона Халеп и полскиот скокач Камил Штох.

Да потсетиме, Ѓоковиќ наградата ја добиваше и во 2011 и 2015 година.