Ѓоковиќ: Македонците, Хрватите и останатите ги чувствувам за свои!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ станува омилен во целиот регион. Популарниот тенисер ја искористи шансата да каже дека спортистите од соседството ги гледа како свои.

Посебна почит му одаде на најдобриот фудбалер во светот, Лука Модриќ.

„Пред сè, за Лука мислам сè најдобро. Од срце навивав за Хрватска на Светското првенство“, вели Ѓоковиќ.

Србинот смета дека спортот мора да се држи многу подалеку од политиката.

„Знам дека раните од војната уште се свежи за многу луѓе. Но, спортот мора да се држи подалеку од политиката. Тие ни се први соседи. Хрватска, Босна и Македонија и морам да гледам на нив како на свои“, вели Ѓоковиќ.