Ѓоковиќ нема да игра во Дубаи!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најдобриот српски тенисер, Новак Ѓоковиќ потврди дека нема да игра на турнирот во Дубаи кој се игра од 27 февруари до 4ти март.

Новак на овој турнир има доста успех бидејќи го освојува веќе 4 пати во изминатите 8 години. (2009, 2010, 2011, 2013)

А неговата наредна станица ќе биде Индијан Велс каде што и ја брани титулата.

Ѓоковиќ на почетокот на оваа година го освои турнирот во Доха, но на Австралијан Опен беше исфрлен уште во второто коло после поразот од Истомин.

Моментално е втор на АТП листата со 1715 поени помалку од Енди Мареј.