Ѓоковиќ се пласираше во полуфинале по големата пресметка со Милман


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на Ју-Ес опен со победата против Џон Милман во три сета.

Ѓоковиќ во мечот од четвртфиналето славеше против Милман со 3-0 во сетови, односно 6-3, 6-4 и 6-4, за два часа и 50 минути.

Во следното коло, српскиот тенисер треба да се пресмета со Кеи Нишикори, кој претходно беше подобар од Марин Чилиќ.