Ѕвездата на Челси во дилема: Азар доби голем совет од Мартинез за неговата иднина!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Селекторот на Белгија, Роберто Мартинез зборуваше за иднината на ѕвездата Еден Азар и кажа дека треба да остане во Челси затоа што ќе стане легенда на клубот.

Белгиецот има уште 18 месеци од својот договор со екипата од Лондон и призна дека сака да се пресели во Реал Мадрид, за кој сонувал уште од дете.

Сепак, тренерот Маурицио Сари сака да го задржи Азар во тимот, но кажа дека нема таква моќ, туку треба да разговара со управата.

Мартинез верува дека Азар ризикува да загуби сè што правеше во Челси со преселбата во Шпанија.

„Азар нема да ве остави. Тој се грижи за луѓето околу него. Не знам дали новиот предизвик е добар за него. Еден знае колку го сакаат луѓето во Челси и има добри односи со Сари. Јас сум убеден дека Азар треба да остане во Челси“, вели Мартинез.