Ѕвезда на Ривер плејт на прославата имаше жестоки пораки до Бока јуниорс (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите и навивачите на Ривер плејт ја прославија шампионската титула во Јужна Америка на стадионот „Монументал“ во Буенос Аирес.

Повеќе од 60.000 гледачи ги поздравија своите херои, кои се вратија од Обединетите Арапски Емирати, каде што на Светското клупско првенство го освои третото место.

Фудбалерите на Ривер и тренер Марсело Галјардо, излегоа на терен еден по друг. А, во прославата претера Енко Перез, кој запеа навредлива песна за Бока.

Да потсетиме, Ривер во реваншот од Суперкласико на „Сантијаго бернабеу“ победи со 3-1.