Јанг го продолжи договорот со Јунајтед и имаше интересна изјава за Солскјер


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ешли Јанг е најновиот играч кој го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед и ќе остане на „Олд Трафорд“ најмалку до 2020 година.

По доаѓањето на Солскјер, неколку играчи ги продолжија договорите со „Црвените ѓаволи“, а последен од нив беше токму Јанг кој игра на двете бековски позиции.

„Кога Оле Гунар пристигна, некако почувствував дека Сер Алекс се врати. Затоа што дојде заедно со Мајк Фелан и Мајкл Керик, но и затоа што Оле Гунар точно знае шот значи да се игра за овој клуб. Тој е опседнат со победата и фактот како играчите ќе одиграат на теренот, исто како Сер Алекс“ –коментираше Јанг.