„Јас имам една желба, а тоа е да играм во првиот тим на Реал Мадрид!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Еден од најголемите таленти на норвешкиот фудбал, Мартин Одегард, во 2015 година премина од Стромсгодсет во Реал Мадрид, но критичарите се сомневаат дека ќе направи голема кариера, иако Норвежанецот смета дека е на добар пат.

Актуелниот освојуваш на Лигата на шампиони го испрати годинава Одегард на уште една позајмица, откако минатата година ги бранеше боите на Херенвен, сега тој настапува за Витесе.

„Задоволен сум во Витесе и добро се прилагодив. Неодамна го постигнав и првиот гол, па сега немам товар на мојот грб. Целта ми е да постигнам повеќе голови и асистенции“, кажа Одегард.

Откако се врати од првата позајмица од Херенвен, 19-годишниот фудбалер ги одработи и подготовките со „кралевите“.

„Секако дека се надевав на место во екипата. Цело лето тренирав таму и добив шанса на подготовките. Сепак, тие ме испратија на позајмица за да можам дополнително да напредувам. Мојата цел е јасна, а тоа е да играм еден ден во првиот тим на Реал Мадрид. Патот е долг, но јас има доверба во себе“, објасни Норвежанецот.