Јувентус во трка по потписот на Португалецот, и тоа во зимскиот преоден рок…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Масимилијано Алегри има фантастичен тим, но сака уште да се засили. Клубот ќе се обиде да ги освои сите трофеи, а Рубен Невес би бил одлично засилување.

Невес фантастично се снајде во екипата на Вулверхемптон. Им помогна изминатата сезона да се изборат за пласман во Премиер лигата, а оваа година продолжува да воодушевува во нивниот дрес.

25-годишниот играч за врска е мета на бројни екипи, но италијанските медиуми пренесуваат дека тој се наоѓа на листата приоритети на Јувентус кој ќе се обиде да го донесе во јануари.

„Волфси“ овој Португалец го донесоа од Порто за 18,8 милиони фунти, а сигурно на него ќе заработат огромна сума на пари, доколку Невес биде на продажба. Тој се поврзуваше со Манчестер Сити, кој нудеше околу 60 милиони евра за да го донесе во своите редови.

Изгледа дека враќањето на Погба е невозможно, па „Старата дама“ се насочи кон младиот Португалец, кој е застапуван од Мендеш. Мендеш е исто така агент на Кристијано Роналдо, но и Кансело, а наскоро би можел уште еден негов играч да го облече дресот на клубот од Торино.