Јувентус во „ќор сокак“: Дали одбраната на „Старата дама“ ќе ја засилува Вида?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јувентус е во проблем и итно бара засилување за задната линија.

Со оглед на тоа дека Бенатиа замина, а притоа се повредени Бонучи, Киелини и Барзагли, челниците на Јувентус очајнички се во потрага по нов дефанзивец и на нивната листа желби се наоѓа Домагој Вида.

Медиумите во Италија, поточно Спортмедиасет, јавува дека црно-белите немаат премногу опции и дека за Вида на Бешикташ му понудиле 10 милиони евра, а во турскиот клуб поради лошата финансиска ситуација и немаат премногу избор.

„Вида би можел да остане во Бешикташ, но сешто може да се случи во текот на преодниот рок“, истакна тренерот на Бешикташ, Сенол Гунес.

Покрај Вида, опција е и младиот Андреас Кристенсен од Челси, но тешко е да се очекува дека него ќе успеат да го донесат.

Вида оваа сезона одигра 22 натпревари за Бешикташ, додека во дресот на Коцкестите во текот на кариерата запиша 71 настап.