Јувентус го следи примерот со Ливерпул: Алегри добива засилување од Арсенал за – џабе?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Арсенал очигледно ќе остане без Арон Ремзи на крајот на сезоната, откако Јувентус покажа голем интерес за него и реши да потпише договор.

Фудбалерот од Велс има договор до крајот на сезоната и не успеа да се договори со Арсенал за нова соработка, а наводно со Јувентус ќе потпише договор на три години, според кој ќе заработува годишно по 6,5 милиони евра.

Ремзи би можел да добие осум милиони евра доколку го исполитува договорот и дојде бесплатно, а 1,5 милиони евра ќе добијат неговите агенти.

Инаку, Јувентус летоска го ангажираше Емре Џан бесплатно од Ливерпул, па сега ќе го следи тој пример и ќе го ангажира Ремзи.