Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во сезона во која се борат за најголем успех во историјата, една работа паѓа во око. Дали е тоа мотивацијата или нешто друго?
Јувентус утре игра против Лацио за првиот трофеј во сезоната. Нема да им биде лесно против нив во финалето на купот, но интересно е тоа што Лацио е единствен тим кој го победиле на гости оваа сезона, ако ги гледаме гостувањата против тимовите од врвот на табелата.
За овие 5 или 6 години доминација никогаш во дерби натпреварите во гости не биле толку слаби, а 2 пати изгубија во Милано, од Интер и Милан, исто така паднаа и против Рома, а беа поразени и во Фиренца додека бод освоија во Наполи и Бергамо.
Сепак, ги добија сите дерби натпревари и сите останати натпревари на домашен терен, па тоа е разликата во однос на ривалите. На таа листа на дерби натпревари, сметајќи ги и натпреварите на домашен терен, во топ 8, тие се први со 26 бодови, но Наполи ако ја победи Фиорентина ќе ја премине и тоа не значи ништо, титулата се освојува во дуелите со малите клубови и тука Јувентус доминира.
Поради што губат во дерби натпреварите?
Некои велат дека е мотивација, во Европа делеа лекции на сите страни, единствено против Барслеона не победија, но не изгубија ниту бод.
Другите веруваат дека станува збор за честата промена на тимот, дека АЛегри ги меша картите во дерби натпреварите.
Како што стојат работите, бил во право, по Лацио утре во финалето, следниот натпревар е против Кротоне и ако победи Јувентус ќе биде шампион.
Но нема да има прослава на титулата, таа е откажана.
Затоа што таа е во сенка на финалето кое следува во Кардиф.
Ако изгубат од Реал, нема да има прослава на титулата, затоа што Јувентус многу доминира во лигата, па се верува дека на нив не им е гајле за Серија А.