Јувентус не заврши со засилувања- носи играч на Баерн Минхен

Од таборот на Јувентус ги разгледуваат можностите во своите редови да го донесат играчот на Баерн Минхем, Жуан Бернат.

„Старата дама“ веќе подолго време се поврзува со трансфер на лев бек, а наводно Бернат е најреална опција за оваа позиција.

25 годишниот фудбалер имаше само 11 натпревари за Баерн Минхен и е на трансфер листата на Нико Ковач.

Во Јувентус повторно нема да има првотимска улога, туку ќе ја дели минутажата со Алекс Сандро кој остана во Торино и покрај интересот од Манчестер Јунајтед.