Јувентус одлучи: Го продава Бразилецот за најталентираниот Италијанец?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како што пренесува „Тутоспорт“, Јувентус е подготвен да се откаже од Даглас Коста.

Бразилецот кој стигна од минхенски Баерн не е во прв план оваа сезона, а во управата на клубот веруваат дека ова лето би можеле да добијат пристојна сума за неговите услуги, потчно дека подобра сума не би можеле да добијат во иднина.

Во клубот проценуваат дека Коста би можел да донесе во касата на „Старата дама“ 50 милиони евра, се претпоставува дека кариерата би можел да ја продолжи во Премиер лигата, каде интересот за неговите услуги покажа Манчестер Јунајтед.

Имаат план во клубот и што ќе прават со таа сума, го сакаат во своите редови да го преселат талентираниот фудбалер на Рома, Заниола.

Николо Заниоло летово пристигна во Рим од Интер, експлодира во својата прва сезона во клубот, заработи и повик од Роберто Манчини да го облече дресот на селекцијата на Италија.

Рома го вреднува околу 60 милиони евра, па така со продавањето на Коста би собрале голем дел од сумата за купување на младиот Италијанец.