Јувентус шокиран во Фиренца – Фиорентина ги изненади црно-белите


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денес од 20:45 се одигра натпреварот помеѓу Фиорентина и Јувентус, а натпреварот заврши со победа на домаќините од 2:1.

Ова беше еден интересен натпревар со многу шанси на двете страни, а подобро ги искористија играчите на домашниот тим.

Првата посериозна шанса ја имаше Матијас кој лесно помина низ одбраната и испрати силен удар кој заврши само во стативата.

До првиот гол се чекаше до 37-та минута кога Федерико го проигра Калиниќ кој влезе во шеснаесетникот и погоди за 1:0 во долниот лев агол.

Во 45-та минута Игуаин добро реагира по една одбиена топка во шеснаесетникот и испраќа удар, но истиот му е изблокиран.

Во 54-та минута Бадељ доби добро додавања, ја повлече топката и испрати удар од голема далечина и погоди за 2:0.

4 минути подоцна Игуаин враќа со гол и намалува на 2:1.

Дибала во 89-та минута се најде во одлична ситуација, но испрати лош удар над голот.

Резултатот остана 2:1 и крајот на натпреварот беше означен дури во 7-та минута по завршување на регуларните 90.