Јуве го доведува „најбрзиот Шпанец“!?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Според информациите кои доаѓаат од Пиринејскиот полуостров, Бјанконерите во ова лето може да добијат големо засилување во офанзивата.

Го сметаат за еден од најбрзите фудбалери во Шпанија, ако не и во Европа, а веќе некое време важи за голема желба на Ливерпул.

Сепак, Ињаки Вилијамс наместо во Ливерпул може да се пресели во Торино, бидејќи Јувентус веќе воспостави контакти со Атлетико Билбао околу премин на шпанскиот репрезентативец во нивните редови.

Брзоногиот Вилијамс со своите партии во дресот на тимот од Баскија ги воодушеви скаутите на бројни европски клубови, познат е големиот интерес на Ливерпул за неговите услуги, и се претпоставува дека Старата дама токму со нив ќе води битка околу потписот на 22-годишниот офанзивец.

Претставниците на двата клуба се наоѓаа на трибините на „Санчез Писхуан“ во Севиља, каде што го следеа Вилијамс во поразот на Билбао од домаќинот.

Ова момче во својот договор има откупна клаузула од 50 милиони евра, и јасно е дека заинтересираните страни мораат добро да се отворат за негово ангажирање.

Покрај Јуве и Редсите шанса за неговиот потпис може да има и Борусија Дортмунд која најверојатно добро ќе го наплати Пјер Емерик Обамајенг во ова лето, а се чини дека Вилијамс е многу добра замена. Сепак, управата на Милионерите има и други опции, а повеќе за тоа ТУКА.

Вилијамс во текот на својата кариера на Сан Мамеш одигра 94 официјални мечеви, а за тоа време постигна 21 погодок.