Љубов на поразличен начин: „Секс или Гвардиола?“ – Дефинитивно Гвардиола


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пеп Гвардиола е еден од најдобрите тренери на денешницата, со Барселона освои се што се може во клупскиот фудбал, додека со Баерн и Сити ја продолжи низата на трофеи.

Каталонецот никого не остава рамнодушен. Златан Ибрахимовиќ имаше што да му замери во својата книга каде жестоко го повика, а не е ниту единствен.

Меѓутоа, има и од оние кои со него би заминале на крајот на светот, и Дани Алвеш е еден од тие.

Бразилецот е еден од најтрофејните фудбалери на светот од било кого, а за многу од тоа е заслужен и Гвардиола. Толку, што имаше едно необично признание.

„Во Барселона беше феноменално, уживав работејќи со Пеп Гвардиола. Подобар е од секс“, истакна Алвеш во интервју за Скај Спорт.

Набрзо пристигна и одговор бидејќи некои од новинарите го контактираа Гвардиола во врска со оваа изјава.

„Дани или секс? Преферирам секс“, низ насмевка одговори Каталонецот.