Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерите на Торино утре играат против Киево во рамки на 33-то коло во Серија А.
Ќе биде ова шанса за напаѓачот на Торино, Белоти да го превземе врвот на листата на стрелци во Серија А кое сега го дели со Џеко. Тие двајца имаат постигнато по 25 голови, па јасно е дека ќе се борат до крајот за титулата на најдобар стрелец.
Во игра за прво место и понатаму се наоѓаат напаѓачот на Јувентус, Игуаин кој мрежата на противничките тимови ја затресе два пати помалку од споменатите два фудбалери.
Исто така, шанса дополнително да ја закомплицира борбата ќе има Икарди кој досега постигна 21 гол. Сепак, Белоти знае дека главната борба ќе биде со Џеко.
„Награда за најдобар стрелец? Па ќе се борам со Џеко до крајот и ќе видиме што ќе се случи. Тука се уште Игуаин и Икарди, не треба да ги исклучиме од борба. Ова е добра сезона и се надевам дека до крајот ќе биде уште подобра. Во секој натпревар го давам максимумот.“