Џани Алиоски асистент за Лидс (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец и член на Лидс, Езгјан Алиоски беше асистент на единствениот погодок на неговиот тим во натпреварот против Брентфорд.

Лидс беше домаќин на петтопласираниот тим во Чемпионшип, и во финишот успеа да се спаси од пораз.

Во 62. минута Мапеј го отвори резултатот од пенал, а потоа до крајот на натпреварот иницијативата ја имаше Лидс. Таа иницијатива во гол беше претворена во 88. минута кога Понтус Јансон погоди за 1:1 на асистенција на Алиоски.

Алиоски од слободен удар одлично го проигра шведскиот репрезентативец по што падна голот за конечен резултат.