Џенова доби зелено светло: Трансфер на момчето кое ја прокоцка шансата во таборот на „Старата дама“…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Познато е дека екипата на Џенова оваа сезона не игра така добро.

Лошо стартуваше Џенова во Серија А оваа сезона, имаат досега 5 победи и 5 реми резултати, но и 10 порази.

Сакаат да се засилат, главната цел е опстанок кој би требало да биде обезбеден без проблеми.

Сепак, сакаат дополнително да се засилат, особено бидејќи утре ги очекува заминување на Пјонтек, фантастичниот Полјак кој брилјираше на почетокот на сезоната. Милан ги заврши преговорите и можно е уште денес овој трансфер да биде официјализиран.

Марко Пјаца е играч кој го сака Џенова, ова момче моментално е дел од редовите на Јувентус, но не добива шанса да игра и нема сомнеж дека за неговиот развој најдобар епилог би бил трансфер во најкус можен рок, а ете може тоа да биде токму во Џенова.