Џерард сака да си земе играч од Ливерпул на позајмица!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Дејли Мејл“ пишува дека поранешниот капитен на Ливерпул и тренер на Ренџерс, Стивен Џерард, планира да го донесе Доминик Соланке на позајмица во Шкотска.

Џерард е убеден дека ќе ја оствари својата желба, поради тоа што Соланке најверојатно ќе добие мала минутажа наредната година на „Енфилд“.

Позајмица во Ренџерс би бил логичен потег за Соланке, но непотребен за Ливерпул бидејќи доколку се соочи со повреди на таа позиција, нема да има доволно замени Јирген Клоп.

Сепак, има уште време до крајот на преодниот рок, па останува да видиме дали Џерард ќе го обезбеди играчот од својот поранешен клуб.