Џејмс пишува историја: Стигна меѓу најдобрите 10 стрелци!

    Кошаркарот на Кливленд, Леброн Џејмс продолжува со својот поход кон врвот на вечната листа на стрелци.

    МВП од минатата година во тимот против Филаделфија постигна 25 поени и на тој начин влезе во Топ 10 стрелци во историјата на НБА лигата.

    Џејмс го премина Хаким Олајџувон и моментално е на 10-то место со 26.970 поени.

    Карем Абдул-Џабар е и понатаму на 1-то место со 38.387 поени, а следат Карл Малоун со 36928, Коби Брајант со 33.643, Мајкл Џордан со 32.292 и Чемберлејн со 31.419 поени.