Џеј Краудер покажа дека е спремен да биде дел од Кавс


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


 

Експертите велат дека најбитен дел од равенката за да се биде успешен играч е да се чувствуваш како да си дел од клубот за кој настапуваш. Епа Џеј Краудер изгледа дека нема проблем со тоа, бидејќи тој веќе е спремен да биде дел од Кливленд Кавалирс.

 

Џеј Краудер е дел од пакетот преку кој Селтикси сакаат да дојдат до Кајри Ирвинг а Краудер изгледа дека веќе се чувствува како дел од Кавалирс. Тој веќе почнал да тренира за следната сезона, и тоа токму во опрема на Кливленд Кавалирс.

Трејдот со кој Кајри Ирвинг требаше да заврши во Бостон беше готов, но сметките ги помати физичката состојба на Ајзеа Томас, кој не можеше да ги помине медицинските прегледи во Кливленд. Сега Кавси бараат Бостон да ја појача понудата или во спротивно трејдот ќе биде откажан