Џошуа полуде откако Милер жестоко го оттурна: „Тој е ку**а која ќе ја уништам“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Антони Џошуа и Џарел Милер вчера го имаа првото соочување пред мечот за шампион во светот во тешка категорја кој на 1. јуни ќе се одржи во Њујорк.

Американецот Милер во претходните неколку месеци често го провоцира Џошуа. Се појавуваше на неговите прес конференции, а на крајот тоа му се исплати, бидејќи ја доби борбрата во која може да освои четири титули светски првак.

Big Baby вчера на соочувањето направи инцидент. Жестоко го оттурна шампионот, а обезбедувањето спречи пресметка помеѓу двајцата борци.

Сепак, Мирел успеа поприлично да го изнервира Џошуа кој јасно порача дека ќе го уништи во рингот.

„Милер е мала кучка која ќе ја уништам. Тој удира како девојче“, рече Џошуа.

Американскиот боксер потоа продолжи со навреди кон шампионот. Го нарече „Uncle Tom“, што е поим кога е насочен кон некој црнец кој се одрекол од своите обичаи за да им се допадне на другите.