10.04.1991! - Денот кога Звезда го сруши Баерн Минхен!

На овој ден во 1991 година, Црвена Звезда ја оствари можеби една од своите најголеми победи во својата клубска историја.

Најпрво Баерн Минхен стигна до водство 1:0, но во 45-та минута, Дарко Панчев во најбрзата контра некогаш изведена изедначи.

Панчев во 70-та минута испрати додавање до Савичевиќ кој постигна погодок за конечни 2:1.

Германија во неверување, а Србија славеше, историски момент како за Црвена Звезда така и за српскиот фудбал.

Во мај истата таа 1991, Цвезда стана и европски шампион, па многумина сметаат дека оваа победа против Баерн од Минхен многу придонесе за Звезда да ја имаа таа титула.