Денес беше одиграно 14-то коло од ПМФЛ кое беше многу ефикасно, односно беа постигнати 18 голови.
Шампионот без поголеми проблеми успеа да ја победи Македонија ЃП со 4:1. Вардар го отвори натпреварот благодарение на голот на Николов во 21-та минута и тоа беше се во првото полувреме. Во 56-та минута Блажевски успеа да го зголеми резултатот на 2:0, а веднаш потоа во 57-та минута Серафимовски успеа да намали.
И баш кога мислеа дека можат да се вратат во игра, одлична акција на Вардар и гол на Којашевиќ во 77-та минута за 3:1. Конечниот резултат го постави Асани во 81-та минута за 4:1.
На натпреварот помеѓу Шкендија и Брегалница беа постигнати 7 голови, односно Шкендија успеа да победи со 5:2. Натпреварот го отвори Брегалница со голот на Здравков во 6-та минута, но набрзо потоа Ибраими во 14-та и Алими во 15-та минута направија целосен пресврт.
До крајот на 1-то полувреме Ибраими во 28 и Хасани во 36-та минута постигнаа голови за 4:1 во првото полувреме.
Во вториот дел Здравков погоди за намалување на 4:2 во 59-та минута, но Ибраими со својот 3 гол на натпреварот го постави конечниот резултат за 5:2 за Шкендија.
Разликата помеѓу шампионот Вардар и Шкендија останува 7 бодови.
Резултати 14-то коло:
Пелистер – Ренова 1:0
Шкендија – Брегалница 5:2
Шкупи – Победа 1:1
Силекс – Работнички 2:1
Вардар – Македонија ЃП 4:1















